Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За Вклучување на работното светло притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави . Работното светло ја подобрува видливоста на непосредното работно место.
- Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави "I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави "0".
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се изгаси поради испразнети или прегреани батерии, исклучете го со прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку батеријата може да се оштети.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти материјали како на пр. дрво или метал се препорачува степен за број на осцилации „6“, а за меки материјали како на пр. пластика степен на број на осцилации „4“.
Напомена: За одредени алати за вметнување (на пр. алат за брусење и Riff-алати за вметнување), стапката на осцилација треба да се намали на максимум 2/3. Преголемата стапка на осцилации значително го зголемува абењето на алатите за вметнување или може да доведе до предвремено откажување на алатите за вметнување. Почитувајте ги информациите на алатите за вметнување или пакувањето на алатите за вметнување.