Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење со брусни плочи, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со листот за сечење постои опасност од повреда.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштитни ракавици. Брусните плочи за сечење имаат остри рабови и за време на работењето стануваат многу жешки.