Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види слика D)
Хоризонталниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со соодветните ознаки на аголниот граничник (6). Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот граничник.
- Олабавете ги завртките за фиксирање (12) на аголниот граничник со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14) (8 mm).
- Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двете завртки за фиксирање (12).
Поместување на аголниот граничник
Аголниот граничник (6) можете да го поместите наназад, ако сакате да исечете пошироки парчиња.
- Целосно одвртете ги завртките за фиксирање (12) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14) (8 mm).
- Поместете го аголниот граничник (6) на саканото растојание за една или две дупки наназад.
- Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двете завртки за фиксирање (12).