Ставање во употреба

Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

  • Погрижете се за добра проветреност на работното место.
  • Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Брусната плоча за сечење може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на основната плоча (11).

  • Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
  • Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Навалете го електричниот алат наназад, за да можат ситните делови на парчето што се обработува да паднат надвор од отворот предвиден за тоа.
    Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните сите делови од парчето што се обработува.

Позиција на корисникот (види слика F)

Вклучување и исклучување

  • За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.
  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).