Совети при работењето
- Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
- Осигурете се, дека плехот за заштита од искри (17) е прописно монтиран. При брусење на материјали постои опасност од искрите што летаат.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
Преголемиот притисок, значително го намалува капацитетот на електричниот алат и го намалува рокот на траење на брусната плоча за сечење.
Користете само брусни плочи за сечење соодветни на материјалот што се обработува.
Максимални делови за обработка (во mm)
Форма на делот што се обработува | хоризонтален агол на закосување | |
---|---|---|
0° | 45° | |
129 Ø | 128 Ø | |
120 x 120 | 110 x 110 | |
100 x 200 | 107 x 115 | |
137 x 137 | 115 x 115 |
Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање (7)): должина 80 mm
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 129 mm
- По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- Вклучете го електричниот алат.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (2).
- Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исклучете го електричниот алат и почекајте додека брусната плоча за сечење не дојде целосно во состојба на мирување.
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.