Дополнителни безбедносни напомени
- Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
- Секогаш зацврстувајте го добро делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат. Така, растојанието од Вашата дланка до ротирачката брусна плоча за сечење би било премало.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот алат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата.
- Секогаш користете ја заштитната хауба. Заштитната хауба го штити корисникот од скршените делови на брусната плоча за сечење и од невнимателно допирање на истата.
- По исклучувањето не ја закочувајте брусната плоча за сечење со странично притискање. Брусната плоча за сечење може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.