Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (5) надесно или налево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.

Работната светилка свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (6) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Контрола на бројот на работни одови

Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови:

  • кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
  • при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.