Вметнување/замена на сечилото за пилата (опрема)

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со 1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.

Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката и држете ја цврсто. Притиснете го сечилото за пила (1) во прифатот за сечило за пила (12). Повторно отпуштете ја чаурата за блокирање.

  • Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.

За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.

  • Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на пила, постои опасност од повреда.

Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката и држете ја цврсто. Извадете го сечилото за пила (1).