Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Полначот ја следи температурата на вметната батерија. Ако е потребно, вентилаторот се вклучува за да се излади батеријата.
Батеријата се лади во 3 фази:
- предладење
- ладење за време на процесот на полнење
- последователно ладење
предладење
Ако температурата на вметната батерија е над 45 °C пред да започне полнењето, вентилаторот за ладење ќе се вклучи за побрзо да ја излади батеријата под 45 °C, за полнењето да може да започне побрзо. Потоа започнува процесот на полнење.
ладење за време на процесот на полнење
Вентилаторот ја лади батеријата за време на полнењето.
последователно ладење
Ако е потребно, вентилаторот продолжува да работи по полнењето. Ако не е потребно ладење на батеријата по полнењето, вентилаторот се исклучува.