Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување, (2) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (3).

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Претходно избирање на бројот на одови

Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (1) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови:

  • кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
  • при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.