Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Заштитна хауба

Монтирајте го заштитниот капак (12), пред да го приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.

Ставете го заштитниот капак (12) на електричниот алат на тој начин што ќе се вклопат држачите во процепите на куќиштето.

Извадете го заштитниот капак (12) за работење без всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа притиснете го капакот на висина на надворешните држачи и извлечете го нанапред.

Приклучување на всисувач за прашина

Ставете едно црево за всисување (5) на млазниците за всисување (6). Поврзете го цревото за всисување (5) со всисувач за прашина (опрема).

Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.

За оптимално всисување, по можност поставете ја заштитата од кинење (17).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.