Процес на полнење

Проверете дали отворот за полнење (1) и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.

Процесот на полнење започнува штом ќе го вклучите кабелот за напојување (4) во полначот и ќе го вметнете во ѕидната дозна и ќе ја ставите батеријата во отворот за батерија (1).

Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).

Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.