Работа на струја
- Не користете ја светилката ако кабелот е оштетен. Заменете го оштетениот кабел со друг, соодветен кабел. Bosch ги нуди соодветните кабли.
- Светилката се напојува со струја преку електричната мрежа веднаш штом ќе се приклучи кабелот за напојување, без разлика дали е ставена батерија.
Отворете го капакот на приклучокот за напојување (4). Вметнете го конекторот во приклучокот за напојување (4). Приклучете го кабелот на струјната мрежа. Светилката сега може да работи.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го капакот на приклучокот за напојување (4) ако го отстранувате кабелот на уредот.