Ставање во употреба
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (5) налево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) на десно до крај.
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката
.
Во позицијата
се постигнува максималниот вртежен момент за дупчење и завртување.
- Прекинувач за избор на брзина (4) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
- Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да изберете 2 брзини.
Позиција на прекинувачот за избор на брзини (4) | Број на вртежи | Вртежен момент | Област на примена |
|---|---|---|---|
1 | ниско | Високо | За тешки задачи: на пр. дупчење и навртување со голем дијаметар |
2 | Високо | ниско | За лесни задачи: на пр. дупчење и навртување со мал дијаметар |
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Работното светло свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното светло на електричниот алат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.
- Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување електрониката на електричниот алат се исклучува, додека не се постигне повторно оптималната температура.
Оваа состојба се сигнализира со секвенционално светење на трите LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата . LED светилките се исклучуваат, ако електричниот алат повторно ја достигне оптималната работна температура.

