Совети при работењето
- Следете ги насоките од производителот на подмачкувачи! Одредени подмачкувачи може да се користат само во одреден температурен опсег.
- Отворете и користете го патронот според податоците од производителот.
- Држачите за појасот за рамо не служат како заштита од паѓање. Користете ги држачите (15) исклучиво за прицврстување на појасот на рамото.
Подмачкување (види слика K)
- Наполнете го електричниот алат со подмачкувач.
- Поставете ја саканата млазница: (31)/(32).
- Поставете ја саканата брзина (прекинувач (7)).
- Ако треба, поставете го бројот на удари на пумпата (тркалце за приспособување (2)).
- Поврзете ја млазницата со точката за подмачкување.
- Отклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (заклучување (4)).
- Вклучете го електричниот алат (прекинувач за вклучување/исклучување (6)).
- Откако ќе се нанесе саканото количество маст на местото за подмачкување, исклучете го електричниот алат.
или
Откако ќе се достигне поставениот број на удари на пумпата, електричниот алат автоматски се исклучува.
Вентил за ослободување на притисокот
Вентилот за ослободување на притисокот (18) се отвора ако работниот притисок го надмине максималниот притисок од 10000 psi за време на подмачкувањето. Подмачкувачот се испушта во капачето на вентилот за ослободување на притисокот и електричниот алат автоматски се исклучува.
- Исклучете го електричниот алат.
- Проверете дали има блокади на точката за подмачкување и на цревото (19).
Откако ќе се отстранат сите дефекти, работата може да продолжи нормално.