Вметнување/замена на дијамантската лончеста плоча (види слика B)
Може да ги користите сите дијамантски лончести плочи наведени во ова упатство за употреба.
Внимавајте на димензиите на дијамантските лончести плочи. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Отворот на дијамантската лончеста плоча не смее да се проширува. Не користете адаптери или редуктори.
Дозволениот број на вртежи [мин–1] одн. периферната брзина [m/s] на употребената дијамантска лончеста плоча мора да одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на дијамантската лончеста плоча.
макс. [mm] | [mm] |
|
| |
|---|---|---|---|---|
D | d | [min–1] | [m/s] | |
| 125 | 22,2 | 8500 | 80 |
Изберете ги соодветните дијамантски лончести плочи за материјалот што го обработувате. За таа цел, внимавајте на напомените за материјалот на пакувањето на дијамантската лончеста плоча.
Исчистете го вретеното за брусење (12) и сите делови за монтирање.
Поставете ја приклучната прирабница (13) на вретеното за брусење (12), на таков начин што венецот за центрирање ќе лежи однадвор. Приклучната прирабница (13) мора да се фиксира на двата рабови на вретеното за брусење (12) (блокада на вртењето).
Во приклучната прирабница (13) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (13) мора да се замени пред понатамошна употреба.
Поставете ја дијамантската лончеста плоча (14) на приклучната прирабница (13).
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (9), за да го зацврстите вретеното за брусење.
Навртете ја затезната навртка (15) и затегнете ја со клуч со два отвори (16).
Внимавајте на тоа, обрачот на затезната навртка (15) да покажува нанадвор како што е прикажано на сликата.
- По монтажата на дијамантската лончеста плоча пред вклучувањето, проверете дали дијамантската лончеста плоча е точно монтирана и дали може слободно да се врти. Погрижете се дијамантската лончеста плоча да не се трие на заштитниот капак и капакот за всисување или други делови.
Кога го транспортирате електричниот алат, дијамантската лончеста плоча (14) треба да ја извадите за да избегнете оштетувања на подлошката.
- Не допирајте ја дијамантската лончеста плоча, пред да се олади. Дијамантските лончести плочи за време на работењето стануваат многу жешки.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (9), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Олабавтете ја затезната навртка (15) со клучот со два отвори (16) и одвтрете ја затезната навртка (15). Извадете ја дијамантската лончеста плоча (14).


