Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Тапа дијамантска лончеста плоча (14) може со кратко брусење на абразивен материјал (на пр. силикатен камен) повторно да бруси.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Менување на обрачот со четки
За да обезбедите оптимално всисување прав, навреме заменете го истрошениот обрач со четки.
Притиснете (на пр. со одвртувач) во двата отвори (5) во заштитниот капак. Двата дела на обрачот со четки (4) може да ги извадите од долниот дел од електричниот алат. (види слика D)
Внимателно притиснете ги двата нови дела на обрачот со прстени (4) до крај во водилката за четки. Кога ја вметнувате четката, проверете дали краевите на обрачот со четки не лежат во отворите на водилката за четки.