Ставање и вадење на батеријата (види слика A)
Ослободете ја блокадата (10) на капакот на батеријата (9) и отворете го капакот.
Ставете ја наполнетата батерија (13) во главата на светилката (1), додека не се вклопи и не налегне на главата на светилката.
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во светилката, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Затворете го капакот на батеријата.
- При затворање на капакот на батеријата внимавајте на правилно поставување на гумената трака. Инаку нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.