Безбедносни напомени за светилки

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Одржувајте минимално растојание на светилката до сите осветлени површини и предмети. Ако нема доволно растојание, осветлените предмети може да се прегреат.

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.

Користете ја светилката само во затворен простор.

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Не принесувајте ја светилката во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на светилката создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди.