Всисување на прав/струготини
Избегнувајте работа без мерки за намалување на прашината.
Соодветен уред за всисување прав или кутија за прав/торба за прав ќе го намали здравствениот ризик од прашината. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Кога користите кутија за прав, испразнете ја навреме и редовно чистете го елементот на филтерот за да обезбедите оптимално всисување прав.
Кога користите всисувач, внимавајте на следните барања. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Барања за всисувачот | ||
|---|---|---|
Препорачан номинален дијаметар на цревото | mm | 28 |
Потребен потпритисокA) | mbar | ≥ 220 |
Потребна количина на протокA) | l/s | ≥ 28 |
Препорачана ефикасност на филтерот | Класа на прашина MB) | |
- A)
Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат
- B)
Според IEC/EN 60335-2-69
Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.
Надворешно всисување (види слика J)
Ставете црево за всисување (16) на млазниците за издувување (13).
Цревото за всисување (16) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.
Сопствено всисување со ќеса за прав (види слики G–I)
Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (2) на млазниците за издувување (13) додека не дојде на исто ниво со алатот.
За да ја испразните ќесата за прав (14) целосно извадете ја (2) од млазниците на издувување (13). Одвртете го адаптерот (15) од ќесата за прав (14) и
испразнете ја.
Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (14).
При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што ќесата за прав (2) ќе биде насочена надолу.