Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
За исклучување на електричниот алат повторно притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
1–2 | низок број на осцилации |
3–4 | среден број на осцилации |
5–6 | висок број на осцилации |
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.