Менување на брусните листови

Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (8), на пр. со четкичка.

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча.

Ако брусната плоча (8) е опремена со леплива лента, брусните листови можете брзо и едноставно да ги прицврстите со лепливата лента.

Истресете ја леплива лента од брусната плоча (8) пред да ја наместите на брусниот лист (9), за да овозможите добро слепување.

Брусниот лист (9) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча (8), потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.

За вадење на брусниот лист (9) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча (8).

Олабавете го затезниот стремен (7) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу.

Вметнете го брусниот лист (9) под задниот терминален блок (6). Внимавајте брусниот лист (9) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (7) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму.

Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча(8). Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (10). Внимавајте брусниот лист (9) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (7) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму.

Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (17) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика E).

За да го извадите брусниот лист (9) олабавете ги двата затезни стремени (7) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач.

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

Гранулација

За обработка на сите дрвени материјали

40 – 240

За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски

грубо

40, 60

За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини

средно

80, 100, 120

За завршно и фино брусење на цврсти дрва

фино

180, 240

За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса

40 – 320

За брусење на боја

грубо

40, 60

За брусење на основната боја

средно

80, 100, 120

За крајно брусење на основната боја пред лакирање

фино

180, 240, 320