Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила (26) и клин за расцепување (5)
- Аголен граничник (1)
- Профилна шина (27)
- Граничник за должина (29)
- Паралелниот граничник (25) со преклопливиот дополнителен паралелен граничник (8)
- Заштитен поклопец (3) со адаптер за всисување (4)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (9)
- Прстенест клуч (34)
- Подвижна водечка летва (7)
- Додаток за маса (6)
- Адаптер за всисување (32)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.