Складирање и транспорт

Чување на елементите на уредот (види слика Q)

Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.

  • Сите олабавени елементи на уредот ставете ги во нивните држачи на куќиштето (види долунаведена табела).

Елемент на уредот

Чување

Заштитен поклопец (3)

Држач (10); затегнете со затезниот лост (39)

Аголен граничник (1)

Држач (31)

Адаптер за всисување (32)

види слика Q

Прстенест клуч (34)

види слика Q

Клуч со внатрешна шестаголна глава (9)

види слика Q

Подвижна водечка летва (7)

закачување во држачот меѓу паралелниот граничник (25) и дополнителниот паралелен граничник (8)

Паралелен граничник (25)

свртете; поставете одоздола во шината-водилка (24) преку парот игли (42) и прицврстете го лостот за блокирање (41)

Носење на електричниот алат (види слика R)

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:

  • Поставете го електричниот алат во транспортна позиција види Транспортна позиција.
  • Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
    Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
  • Движете ја шината-водилка (24) целосно навнатре и притиснете на затегнувачката рачка (23) за фиксирање надолу.
  • Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (30).
  • За подигање или транспортирање користете ја рачката за носење (69) или жлебовите за држење (70).