Дополнителна дршка (види слика A)
- Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
- Олабавете ја назабената навртка (10), навалете ја дополнителната дршка (9) во саканата позиција и повторно затегнете ја назабената навртка (10).
Дополнителната дршка (9) може да ја премонтирате.
- Притоа целосно одвртете ја назабената навртка (10) и потоа извлечете ја нагоре завртката со внатрешна шестаголна глава.
- Повлечете ја дополнителната дршка (9) странично и навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°.
- Монтирајте ја дополнителната дршка (9) по обратен редослед.