Ставање во употреба

  • За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) на десно.
  • За да го исклучите, електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) на лево.

На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите така што алатот што е вметнат во електричниот алат ќе го удрите еднаш од под.

Електрониката за регулација овозможува бесстепено бирање на бројот на удари за работење во согласност со материјалот.
Константната електроника ја одржува конзистентноста на бројот на удари помеѓу празниот од и работење со оптоварување.

  • Изберете го бројот на удари со тркалцето за поставување (7) соодветно на материјалот.

Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3) нанапред и со помош на прстенот за подесување (3) свртете го длетото во саканата позиција.
  • Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и вртете го длетото додека не се вклопи.